Соопштение 01.06.2011
snsmakedonija | 01 Јун, 2011 21:29
Повод за денешно
свикување на новинарите е што сакаме да укажеме на лицемерието и демагогијата
манифестирана од страна на владеачката коалиција во текот на изборната кампања.
При што посебно се истакнува г. Стоилковиќ кој се претставува како Србин,
имено:
Во својот изборен флаер
експлицитно се залага за солидарност со браћа Срби од Косово и Метохија во
напорите за очувување на територијалниот интегритет на Република Србија.
Каков цинизам кон Србите,
божем заборавивме дека тој беше активен соучесник во чинот на признавање на К и
М од страна на ВМРО-вската влада.
Исто така запишал дека ќе
се залага за зачувување на јазичниот, културниот и духовниот интегритет и
идентитет на Србите во Македонија.
А истиот беше кочничар за
воведување на српскиот јазик како втор службен јазик во општина Старо
Нагоричане.
Врвот на лицемерието е
злоупотреба на српските великани и ликот на тенисерот Ѓоковиќ при што го
потсетуваме г. Стоилковиќ дека не му е
место таму, бидејќи Ѓоковиќ е победник а не предавник.
И на крај го прашуваме г.
Стоилковиќ кога лажеше?
Кога
ветуваше дека ќе го напуштиш Собранието и Владата на РМ по чинот на признавањето
на К и М?
Кога во
изборните кампањи ветуваше дека ќе се залагаш за зачувување на националниот
идентитет на Србите во РМ, а буквално ништо не стори, или сега и секогаш кога
сакаш уште еднаш да го злоупотребиш Српскот барјак за личен комодитет и
конфорот на твоите блиски?
Е затоа Србите во РМ нема
да ти дадат подршка.
И по долгогодишниот
престој во Собранието на РМ основано се сомневаме во целите за повторно влегување
бидејќи по продажбата на Српската куќа останаа за продажба само српските
национални интереси.
Ја користиме оваа прилика да ги
повикаме сите наши членови и симпатизери масовно да земат учество на
опозициониот митинг во петок на 03.06. 2011 на градскиот плоштад во Куманово.